Фирма ѝ даде пробна задача на кандидатка, таа им даде пробен рок за исплата
Кандидатката се согласи рокот за исплата да биде флексибилен колку и рокот за задачата.

Кандидатка за работа во скопска фирма вчера доби пробна задача што требало да ја заврши до петок. Додека раководителот ѝ го подавал описот на задачата, таа му подала проценка за трите часа работа и рок за исплата. Објаснила дека и таа сака однапред да види како фирмата се снаоѓа со обврските што ќе ги има ако се договорат.
„Ми рекоа дека со задачата сакаат да проверат дали внимавам на детали“, рече кандидатката. „Затоа ставив точен датум за уплата. Ме прашаа дали сум флексибилна. Им реков дека сум, ако и петокот во нивната задача е флексибилен.“
Раководителот ја викнал сметководителката, која прашала дали сумата треба да ја внесе како трошок за вработен или за надворешен соработник. Кандидатката рекла дека и таа би сакала да знае во која од двете улоги ја очекуваат в понеделник. Раководителот предложил тоа да го решат на второ интервју.
На второто интервју кандидатката го повторила прашањето за рокот. Раководителот рекол дека уплатата е пуштена, но банката може да доцни. Таа му рекла да не се грижи. И пробната задача била готова, но сè уште била кај неа.