Училиште ги пушти родителите на отворен час, учениците побараа да ги разделат тие што зборуваат
Наставничката ги замоли двајцата родители од последните клупи да го продолжат разговорот на одмор.

Училиште одржа отворен час на кој родителите можеа да видат како изгледа наставата. Дванаесетмина седнаа во последните клупи, а по десет минути една ученичка крена рака да праша дали наставничката може да ги раздели двајцата возрасни што зборуваат. Тие разговарале за тоа колку тешко им е на децата да се концентрираат.
„Мислев дека шепотиме. На родителска, од оваа клупа никој досега не ми рекол дека ме слуша“, изјави еден од татковците. Наставничката ги замолила да продолжат на одмор, по што тој ја прашал мајката до него дали и таа ќе остане до одмор.
Кога наставничката им дала на учениците пет минути да решат задача, родителите почнале да си ги споредуваат одговорите од задните клупи. Еден ученик ја замолил мајка си да не му кажува што добила, бидејќи тој веќе еднаш го сменил точниот одговор откако ја слушнал.
По ѕвончето родителите побарале уште пет минути да го довршат разговорот. Учениците се согласиле, под услов следниот час да почне навреме и родителите да останат надвор.