TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Образование

Факултет воведе оценка за самостојност, студентите мора да прашаат дали смеат сами да одлучат

На првиот час, единствената студентка што донесе одлука без дозвола излезе пред да ѝ ја внесат оценката.

Генерирана илустрација на професорка што ѝ гестикулира на студентка на вратата од училницата.

Еден скопски факултет воведе оценка за самостојност што студентите ќе ја добиваат откако професорот ќе им одобри да донесат сопствена одлука. На првиот час им било речено сами да изберат кога задачата им е завршена и да си одат. Од 28 присутни, 27 кренале рака да прашаат дали веќе смеат да станат.

„Пишуваше дека можам да си одам кога ќе завршам, па си отидов“, рече студентката што прва излегла. Професорката ја вратила од ходникот за да ја извести дека постапката била правилна, но и да ја праша кој ѝ дозволил да ја примени пред да заврши часот.

За следната група факултетот издал упатство според кое барањето за самостојна одлука треба да содржи образложение зошто студентот може да одлучи без помош. Двајца студенти добиле највисока оценка откако професорката им помогнала да го состават образложението.

На крајот од часот професорката прашала дали некој има забелешка на постапката. Студентите се договориле прво да ја прашаат дали таа има.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.