TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Образование

Наставничка даде петка за добро прашање, цел клас крена рака да праша дали и тоа се брои

До крајот на часот имало 23 прашања за оценката и едно за лекцијата.

Тројца ученици креваат рака пред наставничка во училница.

Наставничка во едно средно училиште стави петка за добро прашање, по што сите ученици кренаа рака да прашаат дали и тоа се брои. Првата оценка ја добила ученичка што посочила дека два примера од лекцијата се противречни. Следниот ученик прашал дали може да добие петка ако посочи дека неговото прашање е исто толку добро.

„Само сакав да знам што се очекува од мене. Кога ми рече дека тоа е добро прашање, ја замолив да го повтори пред класот“, изјави ученикот. Наставничката се обидела да објасни дека прашањето треба да има врска со материјалот. Од последната клупа веднаш прашале на која страница пишува тоа.

До крајот на часот биле поставени 23 прашања за оценката и едно за лекцијата. Последното било на ученичката што веќе добила петка. Таа прашала дали може конечно да добие одговор на првото прашање. Наставничката го отворила учебникот, но во тој момент заѕвонило.

За следниот час наставничката најави дека ќе оценува и одговори. Првиот ученик што кренал рака прашал дали може да одговори со прашање.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.