TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Образование

Студентка го извежба усниот со домарот, професорката го викна него да одговара

Домарот ги слушал одговорите цела недела додека го чистел ходникот.

Студентка му одговара на домарот во ходник пред затворена училница.

Студентка на скопски факултет утрово го извежбала усниот испит со домарот додека чекала да ја повикаат. Кога професорката ја отворила вратата, домарот токму ја поправал кај третото прашање. Професорката го викнала него внатре да доврши, а на студентката ѝ рекла дека ќе дојде на ред веднаш по колегата.

„Јас само ѝ реков да го даде примерот со лифтот, оти оној со автобусот вчера не помина кај двајца“, рече домарот. Материјалот го слушал цела недела додека го чистел ходникот. До четврток веќе знаел на кое прашање студентите почнуваат да зборуваат погласно за да се чуе дека нешто одговараат.

Откако му поставила уште две прашања, професорката му понудила деветка. Домарот побарал да го праша и последното, бидејќи на него утрото слушнал три различни одговори и сакал конечно да дознае кој е точниот. Професорката му рекла да ја викне студентката, зашто таа го дала најдобриот пример.

Студентката влегла со листовите в рака. Професорката ја замолила да седне до неа и да го оцени домарот, бидејќи најдобро знае што учел.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.