Професорка го врати студентот во ходник да задоцни како што треба
Првото влегување поминало незабележано, па студентот добил уште една можност да го прекине часот.

Професорка вчера врати студент во ходникот откако тој влезе девет минути по почетокот на предавањето и успеа да седне без да ѝ даде повод да го прекине часот. Студентот требало повторно да влезе, овојпат доволно гласно за професорката да може да го праша колку е часот.
„Го видов кога седна, ама веќе бев на сред реченица“, рече професорката. „Ако му се обратев тогаш, ќе изгледаше како да го прозивам човек што си седи на место. Затоа му го покажав празното столче до катедрата, за да знае до каде треба да стигне во вториот обид.“
Студентот во ходникот почекал да слушне дека предавањето продолжило, па тропнал. Професорката му рекла да почека малку, бидејќи сè уште му објаснувала на остатокот од групата зошто е важно да се почитува времето на колегите. Двајца студенти што дошле по него го прашале дали знае колку ќе трае прекинот.
Кога конечно влегол, професорката погледнала во часовникот и му запишала дваесет и три минути доцнење. На двајцата зад него им се заблагодарила што почекале да заврши разговорот.