Маалска екипа ја заврши сезоната без пораз откако ги одложи сите натпревари
Двајца играчи сепак се појавија на теренот, каде што дознаа дека го утнале одложувањето.

СКОПЈЕ — Маалска екипа за мал фудбал ја заврши есенската сезона без пораз откако успеа да ги презакаже сите девет натпревари. Капитенот го потврди резултатот во групниот разговор, каде што соиграчите веднаш почнаа да бараат термин за прослава.
„Првиот натпревар го поместивме зашто тројца беа втора смена. Вториот го поместивме за да можат истите тројца да дојдат. На крај сфативме дека сме најстабилни кога сите сме на располагање следната недела“, изјави капитенот. Двајца играчи сепак се појавиле на теренот во првично закажаниот термин и по дваесет минути добиле известување дека е одложен.
На полусезона противничката екипа предложила службена победа со 3:0. Капитенот побарал прво да се одигра заостанатиот натпревар за да се утврди дали воопшто имало услови за службен резултат. Соговорниците се договориле да се слушнат во четврток, кога еден од нив ќе знаел дали работи во сабота.
Прославата беше закажана за недела во седум. По барање на тројца што се втора смена, трофејот ќе се крене следната недела.