Газда огласи стан со семејна атмосфера, потстанарката мора да му ја чува фамилијата на ѕид
Сопственикот го вклучил семејниот портрет во пописот на станот.

Газда од Скопје издаде празен стан со семејна атмосфера, под услов потстанарката да го врати неговиот семеен портрет на ѕидот. При вселувањето ѝ покажал на која од дупките да го закачи. Другите, ѝ објаснил, останале од претходните потстанари што се обидувале да го преместат поблиску до ходникот.
„Прашав дали можам да ставам слика од моите. Ми рече дека слободно можам да си ги донесам на гости, ама ѕидот е веќе зафатен“, рече потстанарката. Кога ги донела родителите, татко ѝ прашал кој е човекот на фотографијата. Газдата, кој тогаш дошол да ја земе киријата, седнал да му објасни.
Следниот месец потстанарката побарала да го премести портретот бидејќи ѝ требало место за полица. Газдата се согласил, под услов полицата да стои доволно ниско за дедо му да се гледа и кога ќе се наредат книгите.
По поставувањето на полицата газдата направил нови фотографии за огласот. Станот сега го нуди како делумно наместен. Од мебелот што се гледа на сликите, негов е само дедото.