Газда понуди пониска кирија за стан без поглед, попустот важи додека не се кренат ролетните
Потстанарката прашала колку ќе заштеди ако го држи затворен и прозорецот.

Сопственик на стан понуди пониска кирија за стан без поглед, под услов потстанарката да не ги крева ролетните. При разгледувањето ѝ објаснил дека станот има две цени. Поевтината важи за внатрешноста, а поскапата за внатрешноста со поглед. Кога таа прашала кон што гледа прозорецот, ѝ рекол дека може да ѝ покаже бесплатно, ама само додека трае разгледувањето.
„Ја крена ролетната и видов ѕид. Ми рече дека на пладне се гледа и сенката од олукот“, изјави потстанарката. Таа прашала дали може да добие уште пониска кирија ако го држи и прозорецот затворен. Сопственикот одговорил дека воздухот е вклучен во основната цена и дека за него засега нема посебна пресметка.
При потпишувањето се договориле ролетните да може да се кренат кога треба да се исчисти прозорецот. Сопственикот побарал само однапред да му јави кога ќе чисти. Потстанарката го прашала дали сака да дојде да провери. Тој рекол дека нема потреба, бидејќи од неговиот прозорец се гледа нејзиниот.
Сопственикот, според сопствената пресметка, живее во стан со поглед.