TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Образование

Професорка побара пример за основан приговор, студентка го приложи испитот што таа ѝ го оцени

Приговорот доби десетка како вежба. За оценката од испитот, професорката побара нов приговор.

Генерирана сцена на студентка што ѝ покажува два листа на професорка во училница.

Студентка на скопски факултет вчера приложи свој оценет испит на вежба по постапување по приговори, откако професорката побара пример поткрепен со докази. На едниот лист студентката го подвлекла одговорот што ѝ бил прецртан. На другиот го подвлекла истиот одговор во клучот за оценување, што професорката им го поделила по испитот.

„Им реков да најдат нешто од секојдневието, за да не измислуваат случај“, рече професорката. „Материјалот беше добро подготвен. Само ме изненади што студентката не ги смени имињата на странките, особено моето, кое беше напишано двапати.“

Професорката ја прашала групата кој орган треба да постапи по приговорот. Студентите едногласно покажале кон неа. Таа објаснила дека токму поради тоа примерот е добар за вежба за изземање и го предала листот на асистентот. Асистентот го прочитал приговорот и побарал да се изземе, бидејќи тој го составил клучот.

До крајот на часот студентката добила десетка за приговорот. Кога прашала дали сега може да ѝ се смени и оценката од испитот, професорката ѝ рекла дека може да поднесе приговор. „Слободно користи го истиот пример“, додала таа. „Веќе знаеме дека е основан.“

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.