TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Пари

Газда ја вклучи влезната врата во киријата, заклучувањето го наплаќа посебно

Потстанарката добила два клуча, но само едниот смеела да го заврти докрај.

Генерирана илустрација на потстанарка со два клуча и сопственик што чита лист на прагот.

Сопственик на стан во Скопје вчера потврди дека влезната врата е вклучена во киријата, а заклучувањето се плаќа одделно. Потстанарката го дознала тоа при примопредавањето, кога добила два клуча и ја прашала газдата кој е од влезот. Тој ѝ покажал кој смее да го заврти докрај без доплата. Бил од спалната.

„Може да си ја затворате вратата колку сакате“, објаснил сопственикот. „Заклучувањето е за тие што сакаат да бидат сигурни дека никој друг нема да влезе. Ако сте дома, можете да си седите и да видите кој доаѓа. Тоа не ви го наплаќам.“

Потстанарката прашала дали може да плаќа само за деновите кога оди на работа. Газдата ѝ понудил поевтина тарифа за осум часа, со услов да се враќа навреме за да отклучи. Кога му кажала дека понекогаш останува прекувремено, тој ѝ предложил да го остави клучот кај него за да ѝ заштеди на доплата.

Двајцата на крај се договориле киријата да остане иста. Газдата го зел резервниот клуч и од ходникот ја прашал дали сака да ѝ заклучи за првиот ден, додека понудата е бесплатна.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.