TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Пари

Фирма воведе додаток за работа на терен, теренот почнува од другата страна на вратата

Сметководството ќе го пресметува додатокот според тоа каде му се двете стапала на вработениот.

Сметководителка покажува кон прагот додека магационер гледа надолу.

Фирма за складирање воведе додаток за работа на терен и утврди дека теренот почнува веднаш зад вратата на сметководството. Одлуката била донесена откако магационер прашал зошто колегата што излегува да го пречека камионот добива додаток, а тој што стои од другата страна и го истовара не добива ништо. Сметководителката излегла да провери каде стои и самата стекнала право на додаток.

„Прашањето беше дали и ние во магацинот ќе добиеме нешто. Сега барем знаеме дека таа добива“, рече магационерот. Утредента дошол да потпише дека е запознаен со правилото. Го замолиле да остане на прагот додека утврдат по која стапка ќе му ги платат тие две минути.

До петокот фирмата го дополнила правилникот. За теренска работа сега се бара двете стапала да бидат надвор од сметководството. Кога вработен носи документи и ја држи вратата со едната нога, времето се заокружува во корист на канцеларијата.

По првата пресметка, магационерот добил додаток за една минута на терен. Го повикале да си го подигне. Решил да почека да му го донесат.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.