Друштво му кажа на другарот што доцни да дојде час порано, тој прв праша каде се сите
Игор задоцнил 47 минути и сепак го чекал првиот другар половина час.

Друштво од Скопје му кажало на триесет и двегодишниот Игор дека вечерното собирање е во седум, иако меѓу себе се договориле за осум. Игор, кој на последните три собирања стигнал по првата тура, дошол во седум и четириесет и седум. Ја нашол клупата празна, седнал и го побарал првиот што му кажал да не доцни.
„Му реков дека јас сум тука, кај е он“, рече Игор. „Ми рече дека е на пет минути. Јас го користам тоа од 2014, знам дека значи дека уште не си облечен.“ Потоа ги побарал и другите. Двајца му рекле дека паркираат, а едниот го прашал дали надвор е ладно.
Првиот од друштвото стигнал во осум и седумнаесет. Игор го пречекал со прашање дали вака изгледа кога човек нема почит кон туѓото време. Другарот му објаснил дека, според вистинскиот договор, тој доцни само седумнаесет минути. Игор побарал да го види договорот на кој не бил поканет.
За следното собирање сите се договориле во осум. Игор побарал часот да му го потврди некој што нема да дојде.