TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Наука

Биолози го запреа пописот на жаби откако една им се појави на сите фотографии

Комисијата побара нови снимки на кои жабата што ја следи екипата нема да се брои како нов примерок.

Двајца биолози крај поток со жаба на камен во преден план.

Биолози што попишуваат жаби крај поток во западна Македонија го прекинаа теренското истражување откако забележаа дека на сите фотографии се појавува истата жаба. Тимот ја препознал по дамката над левото око. До тој момент ја имале заведено на девет различни локации, од кои последната била пред теренската станица.

„На првите три фотографии мислевме дека имаат семејна сличност. Кај седмата веќе се прашувавме дали само ние сме нови на ова место“, рече биологинката што го води пописот. Колегата отишол сам на спротивниот брег, каде што жабата веќе седела на каменот од кој планирал да фотографира.

За да ја исклучат од следното броење, истражувачите ја фотографирале одблиску и им ја испратиле сликата на сите што работат на терен. До пладне добиле шест нови пријави од луѓе што ја препознале жабата и ниту една од луѓе што виделе друга.

Во привремениот извештај тимот потврди дека има најмалку една жаба. За бројот на биолози што таа ги забележала ќе побараат независна процена.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.