TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Здравје

Амбуланта воведе термин за чекање, прегледот и понатаму е кога ќе дојдеш на ред

Првата пациентка што пристигна точно на закажаниот преглед беше вратена на почеток бидејќи не го одработила чекањето.

Илустративна сцена со двајца пациенти во чекална пред затворена врата

Амбуланта воведе посебни термини за чекање, откако пациентите почнаа да доаѓаат точно во часот наведен за преглед и со тоа го нарушија редот во ходникот. Според новиот распоред, секој пациент добива два часа на потврдата, еден кога треба да седне пред ординацијата и еден кога може да почне да прашува до каде е редот.

„Мојот преглед беше во десет и дваесет. Во десет и дваесет ми рекоа дека сум ја пропуштила девет и четириесет“, изјави пациентката Весна. Службеничката ѝ понудила да го задржи прегледот ако некој од пациентите што чекале подолго се согласи да ѝ отстапи четириесет минути.

До пладне се оформил посебен ред пред шалтерот за пациентите што дошле да го презакажат чекањето. Амбулантата потоа отворила уште една клупа и соопштила дека со тоа го зголемила бројот на пациенти што може да ги прими истовремено.

Весна добила нов термин за следната среда. На излегување ја повикале од ординацијата бидејќи лекарот бил слободен. Од шалтерот ја замолиле прво да седне, за да не се води дека дошла без термин.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.