Маж на систематски побара да му ја измерат висината со оптимизмот од профилот за запознавање
Медицинската сестра го замолила да ги спушти петиците пред да го внесе резултатот.

Скопјанец на систематски преглед побара да му се измери висината под истите услови под кои ја внел на профилот за запознавање. Пациентот застанал на прсти и побарал медицинската сестра да го прочита резултатот пред да му се уморат листовите. Таа го замолила да ги спушти петиците, по што во ординацијата исчезнале четири сантиметри.
„На профилот сум метар и осумдесет“, рече пациентот. „И тука бев толку додека не ми рече да се опуштам. Никој досега на прв состанок не ме замолил да застанам до ѕид и да не мрдам. Обично седиме.“
Сестрата предложила да го повторат мерењето за да се отстрани сомнежот дека првиот резултат е случаен. Пациентот се согласил, но побарал овојпат таа да погледне од столчето кај бирото, од каде што претходно му рекла дека може да се исправи уште малку. Второто мерење завршило со ист резултат и со молба да престане да ја крева брадата.
На излегување пациентот прашал дали може да добие копија од наодот. На профилот ја сменил само фотографијата, со една на која седи.