Мајка ја викна ќерката дома да ѝ го поправи видеоповикот, па ја прати во ходник да види дали работи
Штом се слушнале преку екранот, мајката ја прашала кога ќе дојде да ја види.

Скопјанка ја викна ќерка си дома да ѝ го поправи видеоповикот откако трипати успеала да ја види без да ја чуе. Ќерката седнала до неа, го вклучила микрофонот и рекла дека сега треба да работи. Мајката ја замолила да излезе во ходникот, бидејќи додека седи до неа не може да утврди дали гласот доаѓа од повикот.
„Од ходникот ѝ реков ‘ме слушаш ли?’. Таа ми довика ‘да’ од дневна. Морав да ја затворам вратата за конечно да се слушнеме преку екранот“, рече ќерката. Мајката потоа побарала да се оддалечи уште малку, за пробата да личи на вистински повик.
Ќерката слегла еден кат. На екранот мајката конечно ја видела и ја прашала зошто е облечена за излегување. Ќерката објаснила дека долу е студено и дека палтото го земала од закачалката пред две минути. Мајката ја замолила да ѝ го покаже одблиску.
Откако утврдиле дека работат и сликата и звукот, мајката го прекинала повикот. Потоа ѝ се јавила пак да ја праша кога ќе дојде да ја види.