TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Технологија

Жена ја потроши саботата на поставување апликација што требаше да ѝ ја ослободи саботата

До вечерта ги внесе сите обврски во новиот распоред и доби честитка за продуктивност.

Генерирана илустрација на жена на кујнска маса во доцно попладневно светло.

СКОПЈЕ — Триесет и едногодишна жена ја помина саботата во поставување апликација за распоред што требаше да ѝ ја ослободи саботата. Почнала во девет наутро, со намера за десет минути да ги внесе обврските и потоа да излезе на прошетка. Во десет и пол веќе имала шест категории и сè уште била дома.

„Прво ме праша кога сакам да одморам. Ставив сабота. Потоа ми понуди во сабота да ме потсетува да го средам распоредот, бидејќи тогаш сум слободна“, рече таа. Го поместила потсетникот за недела, но апликацијата ја предупредила дека веќе има обврска во недела. Таа обврска била да испланира што ќе прави следната сабота.

До пладне системот ѝ предложил да ги спои сличните задачи. Таа ги ставила перењето и пазарењето во иста група, по што добила известување дека заштедила дваесет минути. Ниту испрала ниту испазарила, но ги искористила дваесетте минути за да ги среди боите на групата.

Вечерта апликацијата ѝ честитала за првиот продуктивен ден и ја прашала што сака да прави со заштеденото време. Таа избрала да го префрли за следната сабота.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.