TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Семејство го пресече последното парче пита на шест, никој не сакал да го изеде последното

По третото сечење домаќинката побарала сите да одберат по една трошка.

Тројца возрасни гледаат во последното парче домашна пита додека домаќинката се подготвува да го пресече.

Скопско семејство го подели последното парче пита на шест откако тројца присутни одбија да го земат цело, секој со образложение дека го остава за другите. Домаќинката прво го пресекла на половина. Кога брат ѝ ја зел едната половина, сестра ѝ му рекла слободно да ја земе и другата. Тој ја вратил првата за да не изгледа дека се согласил.

„Јас сакав уште, ама штом ми рекоа ‘земај го последното’, ми стана незгодно. Да имаше две, ќе изедев едно без муабет“, рече братот. Домаќинката ја пресекла секоја половина на три и му покажала дека сега има избор. Тој ја зел најмалата, па ја вратил кога видел дека сестра му посегнува по истата.

Додека се договарале, домаќинката ја подигнала чинијата да ја расчисти масата. Двајцата истовремено ја замолиле да ја остави, бидејќи можеби подоцна ќе им се пријаде. На крај секој изел по едно парче, а другите три останале за утре.

Утрото домаќинката ги споила трите парчиња на една чинија. Брат ѝ ја отворил вратата од фрижидерот и прашал за кого е последното.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.