Маж го најде паричникот во џеб, ја доврши потрагата за да не испадне дека сестра му била во право
Последната перница ја кренал откако веќе го напипал паричникот.

Скопјанец вчера го напипа паричникот во задниот џеб додека клечеше пред троседот, па продолжи да го бара уште седум минути за да не испадне дека сестра му била во право. Таа му покажала кон џебот уште кога ја кренал првата перница. Тој ѝ рекол дека таму веќе проверил и ја кренал втората.
„Не му реков да провери дали е таму. Му реков дека се гледа“, рече сестрата. „Тој ми објасни дека го гледам работ од џебот. Му реков добро, па го прашав дали и работ од џебот му е кафеав и дали отсекогаш имал патент.“
Братот потоа ја замолил да погледне под масата од нејзината страна, бидејќи од троседот не можел да види. Таа се наведнала, потврдила дека под масата нема ништо и го прашала дали сака да погледне и од другата страна на неговите фармерки. Тој станал и рекол дека ќе провери сам.
На излегување го извадил паричникот и објавил дека го нашол. Сестрата го прашала каде. Рекол дека е долг муабет и дека ќе ѝ раскаже кога ќе се врати.