TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Здравје

Маж ја однесе мајка си на очен преглед за друштво, таа му ги дошепна буквите

Кога лекарката ја покани да седне на столот, мајката побара син ѝ да ѝ ги врати услугите.

Маж покрива едно око, а мајка му покажува кон таблата додека лекарката ја запира.

Маж од Скопје ја повел мајка си на очен преглед за друштво, по што таа од вратата почнала да му ги дошепнува буквите што требало да ги прочита. Лекарката ја забележала помошта кај третиот ред, кога пациентот го покрил и другото око за подобро да се сосредоточи на тоа што му го кажува мајка му.

„Го гледам како се мачи на една буква и нормално дека ќе му кажам. Не знаев дека овде се паѓа ако ти помогнат“, рече мајката. Таа се согласила да почека во ходникот, но побарала вратата да остане подотворена за да чуе дали овојпат ќе се снајде сам.

Кога лекарката ја сменила таблата, мајката повторно ѕирнала и прашала дали може да се врати претходната, бидејќи на неа веќе знаела до каде стигнале. Лекарката ѝ понудила да седне на столот и да ја прочита новата табла од истото место.

Мајката седнала и го прочитала првиот ред. На вториот се свртела кон син ѝ и го прашала дали сега одеднаш не знае да шепоти.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.