TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Сосед тропна да позајми сол, до крајот на вечерта доби свое место на масата

На третото тропање домаќинката го покани да влезе, бидејќи полесно било да му покаже отколку да му објаснува од врата.

Илустративна сцена со двајца соседи што разговараат на врата

Сосед од вториот кат тропна кај Даниела да позајми малку сол и до крајот на вечерта доби место на нејзината семејна маса. При првото тропање прашал само дали има сол. При второто прашал што готви, бидејќи од ходникот мирисало подобро од тоа што го ставил на шпорет.

„Му кажав дека правам грав. Се врати по пет минути да праша во кој момент ја ставам солта. Тогаш му реков да влезе, зашто дотогаш двапати станав од масата, а тој уште не беше почнал да јаде“, изјави Даниела. Соседот седнал на крајот и рекол дека ќе почека само да види како изгледа готово.

Откако пробал, прашал дали може да го запише рецептот. Домаќинката му ги набројала состојките, а тој за секоја прашал дали навистина е неопходна. Кога стигнале до кромидот, веќе ја допразнувал втората чинија.

На заминување се сетил дека дома оставил тенџере на шпорет. Даниела го прашала што има во него. „Вода“, рекол тој. „Не сакав да почнам додека не видам што имате вие.“

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.