Пар ја викна другарката да потврди како се скарале, таа дозна дека била причината
Двајцата ја сместиле меѓу нив за да може да ги чуе двете верзии од исто растојание.

Скопски пар вчера ја повика заедничката другарка да потврди кој прв го кренал гласот на саботната вечера. Ја сместиле на средина од троседот и почнале од делот кога таа си заминала. Дури тогаш другарката дознала дека кавгата почнала затоа што двајцата биле убедени дека си заминала поради другиот.
„Јас станав затоа што ми дојде автобусот“, рече другарката. „Таа ме праша дали ќе си одев да не ми дојдеше. Реков дека ќе почекав следен. Тогаш тој се сврте кон неа и рече дека ете, сепак сум сакала да си одам.“
За да ја проверат верзијата со автобусот, двајцата ја замолиле да стане во истиот момент како на вечерата. Таа станала, ја облекла јакната и им рекла дека пак има автобус за четири минути. Партнерите го прекинале разговорот за да утврдат кој од нив овојпат ја натерал да брза.
Другарката го фатила автобусот. Кога стигнала дома, ги известила дека следната сабота е слободна, но дека ќе дојде само ако однапред се договорат зошто си оди.