TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Друштво му го довери изборот на местото на тој што рече „сеедно“, тој побара потесен избор

По четири предлози, пријателите утврдија дека „каде било“ важи само за места што допрва ќе ги предложи некој друг.

Тројца пријатели седат на ниско ѕидче пред зграда.

Тројца пријатели се собраа пред зграда во саботата и му го препуштија изборот на местото за излегување на единствениот што рече дека му е сеедно. Тој ги замолил прво да му дадат две или три опции, бидејќи, како што објаснил, полесно му е да биде рамнодушен кога знае меѓу што бира.

„Му рековме да одиме пеш до плоштад. Рече може, само да не е толку далеку. Му предложивме да останеме во маало. Рече може, само да смениме малку“, изјави една од пријателките. По четвртиот предлог, тој побарал да се вратат на првиот, за да провери дали сè уште му пречи истото.

Друштвото потоа се договорило да тргне без дестинација и да застане на првото место што ќе им се допадне. По дваесетина чекори, пријателот застанал и прашал дали се договориле кој ќе одлучи кога нешто доволно им се допаѓа. Тројцата се вратиле да седнат на ѕидчето.

По еден час, двете пријателки рекле дека си одат дома. Тој им се придружил, задоволен што конечно некој предложил нешто конкретно.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.