TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Скопјанка ја отстапи гостинската соба на гостин, креветот остана кај алиштата

Гостинот преноќил во фотелја од која можел да го гледа креветот што му бил наместен.

Гостин спие во фотелја покрај кревет покриен со здиплени алишта.

Скопјанка синоќа го смести другарот што дошол од Битола во гостинската соба, каде што му посочи фотелја покрај креветот. Креветот, кој го наместила специјално за неговото доаѓање, во меѓувреме го покрила со здиплени алишта за да ѝ биде средено кога ќе влезе.

„Можев да му направам место на едната половина, ама тогаш ќе ми се измешаа работите за дома со тие за на работа“, рече домаќинката. Гостинот понудил сам да ги префрли алиштата на фотелјата. Домаќинката ја одбила понудата со образложение дека таму му ги оставила ќебето и перницата.

Околу полноќ гостинот прашал дали може барем да ги испружи нозете на работ од креветот. Домаќинката му ослободила место меѓу два купа и го замолила да лежи мирно, бидејќи под левата петица му биле алиштата за утре.

Утрото домаќинката му кажала дека може да остане уште една вечер. До тогаш ќе имало и чиста постелнина, само прво да се исуши за да може да ја стави на креветот.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.