TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Мајка побара ќерка ѝ да се насмее на сликата за лична карта, фотографот направи посебна за фамилијата

За документот ја задржале сериозната фотографија, а за дома онаа на која личи дека доброволно дошла.

Мајка покажува кон лицето на ќерка си додека фотографот се подготвува да ја слика.

Скопјанка што отишла да се фотографира за лична карта добила две фотографии откако мајка ѝ одбила да ја прифати првата со сериозен израз. Фотографот објаснил дека таа е за документ, а мајката прашала дали барем може да изгледа како некој што би сакал да си го подигне документот.

„Ми велеше да се насмеам со очите. Кога пробав, ми рече дека така изгледам кога ќе ѝ кажам дека сум јадела, а не сум“, рече ќерката. На третиот обид фотографот ја замолил мајката да застане зад него за ќерката да гледа право. Мајката застанала и продолжила да ѝ дава забелешки од таму.

На крајот фотографот направил една фотографија за документот и една за фамилијата. Мајката ја испратила втората во семејната група, каде што тетка ѝ на девојката прашала по кој повод се сликала толку средена.

Ќерката одговорила дека вади лична карта. Мајката потоа ја испратила и првата фотографија, за роднините да видат со какво лице ѝ го кажала тоа.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.