TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Семејство конечно се собра за фотографија со сите, го замоли најмладиот да слика

На единствената фотографија на која го има Марко, тој е свртен со грб и им покажува на другите каде да седнат.

Илустративна сцена со Марко што распоредува тројца роднини за семејна фотографија

Семејство што првпат по три години успеало да ги собере сите роднини во иста соба направи заедничка фотографија, за која најмладиот член, 24-годишниот Марко, добил задача да застане спроти останатите и да слика. На првата фотографија сите гледале напред. На втората сите гледале напред и се насмевнувале. На ниедна го немало Марко.

„Го викнавме баш за да бидеме комплетни. Само тој знае како да нè собере сите без на тетка ми да ѝ се гледа само рамото“, рече неговата братучетка. Кога Марко предложил да намести тајмер, роднините се согласиле, но го замолиле прво да направи една сигурна фотографија, додека сите уште седат.

При обидот со тајмер, двајца станале за да му направат место и го покриле дедото. Марко се вратил напред да им покаже каде да седнат. Во тој момент се активирал тајмерот и семејството добило прва фотографија на која се гледа, свртен со грб, како им прави место на другите.

Роднините ја избрале втората фотографија од првиот обид. Под неа во семејната група напишале дека конечно никој не фали и го означиле Марко за да ја види.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.