TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Наука

Сеизмолози го најдоа епицентарот на тресењето на први кат, станарот само си ја местел столицата

За второто мерење тимот го замолил станарот да стане како што станува кога му е ладно.

Станар покажува како ја мести столицата додека сеизмологинка го гледа од дворот.

Сеизмолози што испитуваа зошто секое утро во исто време се тресе една скопска зграда го лоцираа изворот на балконот на првиот кат. Станарот таму во седум и десет ја влечел столицата до оградата за да види дали има сонце. Во седум и дванаесет ја враќал до вратата, откако ќе утврдел дека уште му е ладно.

„Првиот сигнал го добивме кога седна. За вториот го замоливме да стане како што станува кога му е ладно. Ни рече да почекаме, ќе му залади само од себе“, рече сеизмологинката. Откако станал, сосетката одоздола излегла да им каже дека тој вториот го слуша и кога прозорците ѝ се затворени.

Тимот го замолил станарот утредента да ја крене столицата наместо да ја влече. Во седум и десет не се поместило ништо, па двајца соседи се качиле да проверат дали е добро. За да им покаже дека е, станарот ја довлечкал столицата до вратата и им понудил да седнат.

Во извештајот тимот навел дека тресењето престанува кога станарот е сам. За викенд, кога му доаѓаат гости, ќе мерат и на вториот кат.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.