TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Секс

Пар забрани муабет за децата на романтична вечера, по седум минути побара да ги донесат

И двајцата имаа што да кажат за денот. Прво мораа да утврдат кој дел смеат да го раскажат.

Илустративна сцена со пар на вечера и празно столче покрај масата

Пар што првпат по неколку месеци излегол сам на вечера се договорил цела вечер да не зборува за децата. Договорот важел од моментот кога седнале. По седум минути, двајцата ѝ се јавиле на бабата да прашаат дали може да ги донесе, бидејќи едниот сакал да раскаже што му се случило претпладнето, а другиот веќе знаел кој е главниот лик.

„Го прашав како му помина денот. Рече дека добро почнал, па ме праша дали смее да спомне зошто станал во шест“, изјави Маја. Таа предложила да зборуваат за патувања. Разговорот траел додека не стигнале до прашањето кој би можел да ги чува децата ако отпатуваат.

Пред да се јават кај бабата, пробале да си поставуваат прашања што си ги поставувале на почетокот на врската. На прашањето што би правел со цел слободен ден, Дејан одговорил дека би спиел. Маја рекла дека и таа би спиела, но дека за оваа вечер веќе се дотерале.

Бабата одбила да ги донесе децата бидејќи веќе спиеле. Парот ја замолил барем да им раскаже како успеала. Тоа беше најдолгиот разговор што го имаа цела вечер.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.