TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Секс

Пар ги подели домашните обврски по желба, двајцата избраа да потсетуваат

По првите три потсетувања се утврди дека никој не е задолжен за садовите.

Илустративна сцена со пар што покажува кон полн мијалник

Пар што од неодамна живее заедно ги подели домашните обврски според тоа кој што сака да прави. До крајот на разговорот, и Јана и Александар се пријавиле да потсетуваат. Садовите, перењето и бришењето прашина останале без задолжено лице, но двајцата се согласиле дека за почеток имаат добра распределба.

„Му реков дека садовите стојат од вчера. Ми рече дека знае и дека баш планирал да ме потсети“, изјави Јана. По третото потсетување, Александар предложил да се води евиденција за да се види кој колку придонесува. До вечерта имале шест потсетувања за садовите и едно за тоа кој треба да ги запишува.

Во средата пробале да ги поделат обврските според тоа кој прв ќе забележи дека нешто треба да се направи. Договорот траел до четврток наутро, кога двајцата одделно поминале покрај полниот мијалник и подоцна изјавиле дека не виделе ништо.

Јана на крајот ги измила садовите за да може да спреми вечера. Александар ја прашал зошто не му кажала дека почнува. Имал уште едно потсетување.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.