Пар реши да не си легнува скаран, во три сабајле се скара кој прв ќе попушти
До полноќ ја решија првата расправија. Потоа не можеа да се договорат кој ја решил.

Двајца партнери што се договориле никогаш да не си легнат скарани останале будни до три часот, расправајќи се за тоа кој треба прв да попушти. Првата расправија, за тоа дали едниот навистина слушал додека другиот зборувал, била решена нешто пред полноќ. Несогласувањето почнало повторно кога двајцата истовремено рекле дека им е мило што другиот конечно сфатил.
„Му реков дека слободно може прв да каже дека сме добри. Ми рече дека баш тоа го чекал од мене“, изјави Нина. Таа предложила да бројат до три и да го кажат истовремено. На три никој не прозборел, бидејќи двајцата сакале прво да чујат дали другиот ќе почне.
Во два и половина се договориле да направат пауза од десет минути. Кога Дејан се потпрел на перницата, Нина го прашала дали паузата важи и ако заспие. Дејан седнал исправено и побарал да се утврди кој ја предложил паузата.
Во три и десет се договориле дека повеќе не се скарани. Останале будни уште пет минути за да утврдат дали смеат да си легнат истовремено или тоа повторно ќе изгледа како никој да не попуштил.