Баба научи да диктира пораки, сега им вика „точка“ и на луѓе во живо
Семејството ја забележало промената кога бабата побарала сол и нов пасус.

Скопјанка што минатата недела научила да диктира пораки почна гласно да ги кажува интерпункциските знаци и на неделниот ручек. Присутните велат дека првпат побарала сол со „дај ми ја солта запирка те молам точка“. Внуката ѝ ја подала солта откако бабата потврдила дека реченицата е завршена.
„Прво мислев дека пак снима порака. После ми рече ‘отвори наводници јади додека е топло затвори наводници’. Тоа беше за мене“, рече внуката. Таа се обидела да ѝ објасни дека во разговор доволно е да направи пауза, по што бабата направила пауза и рекла „пауза“.
До десертот семејството се приспособило на новиот начин на разговор. Внукот најавил „нов пасус“ за да ја смени темата, а тетка му побарала „избриши ја последната реченица“ откако кажала кој сè ќе дојде на гости следниот викенд.
На крајот бабата им диктирала порака на роднините што не дошле. Телефонот ги внел сите запирки, а во семејната група пристигнало и „ти таму престани да ми довикуваш од кујна“, без ниедна грешка.