TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Наука

Археолози откопаа јама што претходната екипа ја затрупала за да има што да копа следната

На дното ги чекал теренски извештај со празна рубрика за нови наоди.

Генерирана сцена на двајца археолози што гледаат во тегла со свиткан лист кај ископана јама.

Археолози вчера отворија сонда на рид во Пелагонија и на дното најдоа тегла со извештај од екипата што на истото место копала во 1996 година. Во извештајот пишувало дека истражувачите не нашле ништо, но сепак ја затрупале јамата за идните генерации да можат самостојно да дојдат до истиот заклучок.

„Првиот ден земјата ни изгледаше невообичаено мека“, рече раководителката на ископувањето. „Сега знаеме дека колегите си завршиле добра работа со затрупувањето. Во извештајот пишува и дека до дното се стигнува за три дена. Нам ни требаа четири, бидејќи првиот го потрошивме да решиме каде да копаме.“

Екипата планирала да отвори уште една сонда три метри подолу. Од тоа се откажала откако на задната страна на извештајот нашла скица од втората јама. Колегите ја затрупале и неа, со посебна забелешка дека првата ќе изгледа поубедливо ако во близина има со што да се спореди.

Двете места ќе бидат обележани на теренската карта. Раководителката побарала ознаките да се внесат со молив, за некој да може да ги избрише пред следниот конкурс за ископувања.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.