TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Наука

Археолози открија античка обиколница постара од патот што го заобиколувала

По обиколницата со генерации минувале луѓе што чекале да се отвори пократкиот пат.

Илустративна сцена со двајца археолози покрај две откриени камени траси

Археолози на ридско ископување открија обиколница што, според слоевите под камените плочи, е најмалку четириесет години постара од патот што го заобиколувала. Пократкиот пат се протега право кон остатоците од населбата, но завршува на половина од падината. Обиколницата е подолга и стигнува до самиот влез.

„Мислевме дека се работи за две различни градби. Потоа на обиколницата најдовме три слоја поправки, а на главниот пат ниеден траг од тркало“, изјави раководителката на ископувањето. Според неа, жителите веројатно го користеле заобиколниот пат толку долго што веќе знаеле и каде најлесно може да се разминат две коли.

Кај местото каде што требало да се спојат двата правци, екипата пронашла уште една кратка делница. Првично ја завеле како почеток на главниот пат од другата страна. По дополнителен увид утврдиле дека е кратенка до обиколницата.

За следната сезона, археолозите планираат да копаат кај крајот на недовршениот пат. Пристапот за екипата е обезбеден преку античката обиколница, која и понатаму е најбрзиот начин да се стигне таму.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.