TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Технологија

Дигитален албум ја прогласи жената што ги слика сите за отсутна од семејството

За да ја препознае, семејството ја повтори последната Нова година во недела попладне.

Жена гледа кон двајца роднини што позираат на тросед со празно место меѓу нив.

Дигитален албум што автоматски ги групира семејните фотографии ја изостави жената што ги сликала сите семејни собири во последните девет години. Кога брат ѝ пребарал по нејзиното име, албумот му вратил три фотографии од случајна минувачка и ниту една од сестра му. Мајка им ја препознала минувачката како жена што еднаш им се тргнала за да се сликаат.

„Ми рекоа дека треба да додадам јасна фотографија од лицето. Им реков дека треба некој да ме слика“, изјави жената. Брат ѝ се понудил, но прво побарал таа да му каже каде да застане. По третиот обид ѝ рекол дека најдобро е таа да го намести кадарот како и обично.

Во неделата семејството повторило неколку собири за да ја внесе во архивата. Мајка ѝ инсистирала Новата година да ја сликаат прва, додека сите сè уште расположени. На секоја нова фотографија оставале празно место за жената додека таа проверувала дали сите се во кадар.

Албумот на крајот ја препознал на една фотографија. Семејството ја избришало бидејќи на неа недостасувал брат ѝ, кој ја сликал.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.