TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Пари

Газда бара потстанар што редовно ќе плаќа и по можност нема да живее во станот

Станот е целосно на располагање, со молба да се користи што поретко.

Илустрација за сатиричната вест: празен скромен стан со покриена гарнитура и клучеви кај влезот.

СКОПЈЕ — Сопственик на стан објави дека бара сериозен потстанар што редовно ќе плаќа и, доколку е можно, нема многу да живее во станот. Предност имаат лица со стабилни приходи, чести службени патувања и родители кај кои можат да престојуваат кога не се на службен пат.

„Немам ништо против луѓето, само сакам да си го чувам станот“, објасни сопственикот, додавајќи дека готвењето создава мирис, туширањето влага, а седењето ја троши гарнитурата. Работа од дома не е пожелна бидејќи подразбира присуство во работно време. Гостите се дозволени во принцип, но не и во станот. Кандидат што прашал дали може да ја премести масата бил оценет како некој што уште на почеток покажува намера премногу да се вдоми.

Во киријата е вклучено користење на целиот простор, со очекување тоа право да се применува умерено. Депозитот ќе служи како гаранција дека по заминувањето нема да има траги од престој. По неколку неуспешни разговори, сопственикот го опиша идеалниот кандидат: човек што работи во странство и сака да има адреса тука. За него е подготвен и попуст, под услов клучевите да останат кај газдата за поголема сигурност.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.