TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Екологија

Општина изброја едно дрво како три зелени површини бидејќи фрла сенка на три улици

Кога сенката се повлекла од едната улица, службата побарала мерењата да се прават само попладне.

Илустративна сцена со голем чинар чија сенка паѓа на раскрсница

Општинска служба впиша три нови зелени површини во годишниот извештај, откако измери дека крошната на еден стар чинар фрла сенка на три улици. Дрвото стои на истото место со децении, но според новиот начин на броење, секоја улица што добива сенка има право на сопствена ставка.

„Прво имавме само две, ама колешката се врати по четири и виде дека сенката стигнала и преку третата улица“, изјави раководителот на мерењето. Тој додаде дека службата намерно не ја броела фасадата спроти дрвото, бидејќи за вертикално зеленило има посебен образец.

На утринската контрола третата површина не била пронајдена. Службата го одложила увидот за попладне и побарала во иднина да се проверува само во часовите кога сите три ставки може да се видат одеднаш. За облачни денови ќе се користи фотографија од претходното мерење.

Во меѓувреме, жителите побарале да се засади уште едно дрво на улицата што останува без сенка до четири. Од службата им одговориле дека таа улица веќе е опфатена со попладневниот извештај.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.