TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Родители го ограничија времето пред екран додека не им затреба тишина

Правилото важи меѓу готвењето, работата, гостите и потребата малку да се одморат.

Илустрација за сатиричната вест: двајца уморни родители седат во тишина во дневна соба.

СКОПЈЕ — Двајца родители воведоа строго ограничување од половина час пред екран, кое важи секогаш кога не треба да зготват, да разговараат по телефон или едноставно да поседат без некој да ги праша нешто. Новото правило е залепено на фрижидерот и засега успешно се применува меѓу две исклучителни околности.

„Не сакаме таблетот да ни го воспитува детето“, изјави мајката, намалувајќи го звукот за да може непречено да ја доврши изјавата. Таткото објасни дека дополнителните четириесет минути не се време пред екран, туку време додека се среди кујната. Цртаните во автомобилот се водат како патување, оние кај гости како социјализација, а видеата додека родителите работат како привремена организациска мерка. Детето засега нема забелешки на класификацијата.

Во неделата правилото било прекршено само еднаш, кога батеријата се испразнила и семејството морало дваесет минути да помине заедно без поддршка. Родителите го оцениле искуството како вредно, но тешко одржливо без претходна подготовка. За следниот викенд најавија повеќе активности на отворено. Таткото веќе презел неколку видеа за во случај надворешните активности да бараат родителите активно да учествуваат.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.