TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Свет

Аеродром го ограничи пречекот на три минути, семејство го продолжи со ново пристигнување

Патникот трипати излегол пред терминалот за да може повторно да го пречекаат.

Брат и сестра се гледаат преку ограда во аеродромски терминал.

Меѓународен аеродром го ограничи задржувањето во зоната за пречек на три минути, по што едно семејство го продолжи пречекот со три последователни пристигнувања. Патникот слетал од странство по шест месеци работа. Сестра му успеала да го прегрне и да го праша како поминал, но пред да одговори, службеникот ги замолил да ја ослободат зоната.

„Го прашав дали може да си го доврши муабетот. Рече дека може ако се тргнеме или ако тој повторно пристигне“, изјави сестрата. Братот излегол пред терминалот и се вратил низ соседната врата. Вториот пат ја прегрнал мајка му, која дотогаш му го чувала местото покрај оградата.

При третото пристигнување службеникот го препознал и го прашал дали некој од семејството уште чека. Патникот му рекол дека останал само татко му, кој секогаш прво прашува кога повторно заминува. Службеникот пресметал дека за тоа ќе им бидат доволни три минути.

Аеродромот евидентира четири пречека и еден пристигнат патник. Семејството го договори испраќањето дома, каде што може да почне уште сега.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.