Градски превоз воведе преседнување во истиот автобус, патниците се симнуваат за да си го фатат местото
Возачот добил упатство да ги почека патниците од претходната линија. И претходната линија ја вози тој.

Градскиот превоз во еден македонски град воведе преседнување во истиот автобус, откако две линии ги спои во една тура, но ги задржа одделно во возниот ред. На последната постојка од првата линија патниците мораат да се симнат и повторно да се качат. Возачот останува на седиштето за да не го пропушти тргнувањето.
„Му реков дека одам уште две станици. Ми одговори дека и тој оди таму, само што јас прво треба да го стигнам“, рече патничка која секое утро патува на работа. Таа се симнала на задната врата и се качила на предната, каде што возачот ја прашал дали има патници од претходниот автобус.
На вториот ден возачот ја задржал линијата три минути за да им даде време за преседнување на патниците од задниот ред. Од диспечерскиот центар го предупредиле дека ако продолжи да го чека првиот автобус, вториот ќе почне да доцни.
Превозникот најави дека од понеделник ќе им излегува во пресрет на патниците што тешко се движат. Тие ќе можат да преседнат со преминување на другата страна од автобусот.