TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Политика

Кандидати на дебата првпат се согласија, и двајцата бараат другиот да победи

Водителот мораше да им даде дополнително време да си ги набројат заслугите еден на друг.

Двајца кандидати и водител седат пред публика на дебата.

Двајца кандидати за градоначалник на синоќешната дебата првпат се согласија откако водителот ги праша од каде ќе најдат пари за ветените проекти. Кандидатката рече дека противникот има повеќе искуство со општинскиот буџет и дека би било штета да не го добие мандатот. Тој возврати дека граѓаните заслужуваат ново лице токму сега, кога пристигнуваат сметките за претходните проекти.

„Ја следам нејзината работа со години. Убеден сум дека може лично да им објасни на станарите зошто подземниот паркинг сè уште е дупка“, рече кандидатот. Кандидатката му се заблагодари и го потсети дека дупката е започната во неговиот мандат, па би било природно тој и да ја затвори.

Водителот им даде уште по една минута да ги убедат неопределените гласачи. Двајцата ја искористија да ги набројат заслугите на противникот. Кога од публиката прашаа дали би прифатиле да работат заедно, кандидатите се согласија дека општината не може да си дозволи двајца градоначалници.

По дебатата, двата штаба прогласија убедлива победа на својот кандидат. Кандидатите побараа официјално пребројување.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.