Советник остана со една нога во ходник за мнозинството да има кворум и едногласност
Претседателката побара да се брои само ногата што е во салата.

Општински совет вчера обезбеди и кворум и едногласна поддршка за новиот дневен ред откако единствениот советник што најави дека ќе гласа против застана со една нога во ходникот. Претседателката го замолила да остане на прагот додека го преброи присуството, а потоа да се наведне малку нанадвор додека ги пребројува гласовите.
„Ни фалеше еден човек да почнеме, а имавме еден човек вишок за да завршиме едногласно“, рече претседателката. „Му покажав дека има уште две минути до паузата и го замолив да не ја затвора вратата. Колешката од крајот на масата мораше да му ја гледа ногата за записникот.“
Советникот од прагот побарал збор за да објасни зошто е против. Добил одговор дека за да му се вклучи микрофонот ќе мора да седне, со што би се вратил во салата и би го прекинал гласањето. Колешката му понудила да ја прочита неговата забелешка, но откако ќе помине точката.
На паузата советникот конечно излегол со двете нозе. Претседателката веднаш ја прекинала паузата за да утврди дали има кворум да ја продолжи.