TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Семејство ја префрли купената пита во стара тава и ја послужи како домашна

Гостите побараа рецепт откако ги препознаа шарата и изгорените рабови на тавата.

Илустрација за сатиричната вест со жена што префрла парчиња пита во стара тава.

СКОПЈЕ — Едно семејство во неделата послужи домашна пита откако успешно ја префрли од картонската кутија во старата тава на баба им. Промената била направена десет минути пред да дојдат гостите. Домаќините оставиле едно парче малку накривено за да се гледа дека питата е сечена на рака.

„Јас ја нарачав, брат ми ја донесе, а мајка ми ја одбра тавата. Сите работевме“, рече триесет и четиригодишната Соња. На ручекот тетка ѝ забележала дека краевите се рамномерно испечени и прашала како го постигнале тоа во рерна што пече само од едната страна. Соња ѝ рекла дека ја вртела тавата. Тетка ѝ го запишала советот и побарала да види како го развлекува тестото.

Семејството се договорило следниот ручек да биде кај тетката, која сакала сама да ја испроба постапката. Соња ѝ ја позајмила тавата и ѝ го дала бројот од пекарницата, во случај да ѝ затреба помош со тестото. Тетка ѝ се јавила уште истото попладне. За недела нарачала две пити и прашала дали може да ѝ ги исечат малку нерамномерно.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.