TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Екологија

Граѓанка купи електричен тротинет за еколошки да го замени пешачењето

Апликацијата веќе пресметала колку гориво заштедила од автомобилот што го нема.

Илустрација за сатиричната вест: жена со кацига стои покрај небрандиран тротинет пред маалска пекарница.

СКОПЈЕ — Дваесет и осумгодишната Тамара купи електричен тротинет за да го намали својот јаглероден отпечаток, почнувајќи со целосно укинување на пешачењето до пекарницата. Првата еколошка рута е долга триста метри и досега не барала никакво превозно средство.

„Секој мора да придонесе колку што може“, изјави таа, проверувајќи колку емисии ѝ пресметала апликацијата како заштеда. Системот претпоставува дека без тротинет би возела автомобил, иако Тамара нема автомобил и досега одела по бурек во влечки. До работа и понатаму оди со автобус, бидејќи таму нема каде да го остави тротинетот. Најмногу ја радува што новиот уред ја поттикнува почесто да излегува, особено кога ќе сфати дека заборавила нешто во продавницата.

За дополнителен придонес, таа веќе размислува за поголем модел со подолг досег, за да може одржливо да ги замени и неделните прошетки. Стариот ќе го зачува како резервен, бидејќи не сака да создава непотребен отпад. Дневниот број чекори ѝ паднал на шестотини, но еколошката оценка постојано расте. Тамара вели дека конечно има доказ оти напредува, без да мора да се движи повеќе.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.