Партија им даде слобода на пратениците сами да изберат со која рака ќе гласаат
На првото гласање двајца ја кренаа левата рака. За предлогот гласаа како што се договорила групата.

Пратеничка група воведе слободно гласање на седниците, со што на секој пратеник му се дозволува сам да избере со која рака ќе гласа за усогласениот став на партијата. Одлуката беше испробана во вторникот, кога двајца пратеници гласаа со лева рака, а останатите се држеа до досегашната практика.
„На претходните седници гледав кај координаторот кога да кренам рака и која да ја кренам. Сега треба да гледам само кога“, изјави еден од пратениците. На првото гласање ја кренал левата рака, а потоа ја сменил со десната кога колегата до него го прашал дали сака збор.
Координаторката побарала до следната седница пратениците да ја пријават избраната рака за полесно да се пребројат. По приговор дека со тоа повторно се ограничува изборот, групата се договорила дека раката може да се смени без најава, доколку првата се умори пред да заврши броењето.
На крајот од седницата координаторката го ставила на гласање предлогот слободата да важи и при воздржување. Сите се согласиле дека за тоа ќе се изјаснат штом партијата им каже дали се воздржани.