TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Живот

Маж им остави резервни клучеви на цела фамилија и првпат мораше да закаже кога ќе си влезе дома

Секој роднина имал клуч. Проблемот бил да се најде роднина што го има кај себе.

Генерирана илустрација на маж што седи на скалиште до затворена врата.

СКОПЈЕ — Триесет и тригодишен скопјанец вчера закажа во седум да си влезе дома откако ја затвори вратата со клучевите внатре. Во изминатите три години им оставил резервен клуч на мајка си, на брат му и на тетка му. Тројцата веднаш кренале телефон и му кажале кај кого мислат дека е нивниот примерок.

„Мајка ми го оставила кај брат ми за да не го заборави следниот пат кога ќе ми полева цвеќиња. Брат ми го дал на тетка ми за да му го врати на мајка ми“, рече станарот. Тетката потврдила дека има два клуча, но дека не знае кој е негов, а кој е од станот на брат му.

Роднините се договориле да се најдат пред вратата во седум и да пробаат со сите клучеви. Тетката стигнала прва и ја отворила од прва. Братот побарал да го почекаат за да проба и тој, бидејќи веќе тргнал од дома.

По отворањето станарот реши да си задржи еден резервен клуч. Мајка му предложи да го чува кај неа, за да знае каде му е.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.