TAXIHUB · СИТЕ НАШИ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО
HUB MALL
Време: 69°Воздух: смрдиГориво: на резерваТрпение: немаПлата: поминаПланови: од понеделник
← Сите вести Локално

Поштарка заѕвони да провери дали има некого, станарот слезе да потврди дека не е дома

За повторна достава двајцата се договориле да се сретнат на истите скали.

Поштарка држи лист додека станар покажува кон врата на горното скалиште.

Станар од една скопска зграда слезе два ката во влечки за да ѝ потврди на поштарката дека не е дома. Таа заѕвонила на соседниот стан откако тој не одговорил на домофонот. Сосетката му довикнала по скалите, а тој излегол да види кој го бара. Додека се симнувал, поштарката веќе го пополнила известувањето дека примачот е отсутен.

„Ја прашав дали може сега да ми го даде писмото. Ми рече дека може, ама прво треба да се вратам дома“, изјави станарот. Тој се качил до вратата и од таму ја повикал. Поштарката во меѓувреме излегла пред зградата да ѕвони повторно, па на домофонот пак не одговорил никој.

По третото разминување, сосетката предложила да им ја придржи вратата додека се договорат. Поштарката му понудила повторна достава следното утро. Станарот рекол дека тогаш сигурно ќе биде дома, а за секој случај договориле да се најдат на истите скали.

Утредента поштарката го нашла таму пет минути порано. Овојпат, за да нема забуна, известувањето му го врачила лично.

Поврзани вести

Види ги сите резултати →

За тебе е, или „за еден другар“?

А бившата како ти се викаше?

Ако ти текна од прва, нема да коментираме. Многу.

Само гледаш? Да, да. Така почнува.

Облечи ја приказната.

Да не лутаме.